Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе повторно беше драстично казнет од организаторите на ТЦР Италија серијата, за на крајот да се паркира во боксот во претпоследниот круг од трката во Имола во знак на протест.
Стефановски вчера двапати беше казнет од организаторите, а „режијата“ се повтори и во неделата, кога тој двапати беше казнет – прво поради лошо позиционирање на стартот на трката ,а потоа и со 25 мсекунди, што го чинеше сигурен подиум. Стефановски реши да не го толерира ова и на крајот се паркираше во боксот.
До втора победа овој викенд стигна Салваторе Тавано пред Енрико Бетера и Матео Греко за да стане нов лидер во генерален пласман. Следната трка во туринг шампионатот е на 21 јули во Муџело.
Фото: Фејсбук