Top Sport

Ветеранот Фелисијано Лопез по вторпат со трофејот од Квинс клаб

Шпанскиот ветеран Фелисијано Лопез го освои својот седми трофеј во кариерата, откако по вторпат во кариерата триумфираше на елитниот Квинс клаб турнир во Лондон по драматичната 6:2/6:7(4)/7:6(2) победа над 34-годишниот Французин Жил Симон.

Но, 37-годишниот Лопез не заврши со турнирот – за неколку часа ќе се врати на теренот со својот пријател Енди Мареј за да игра во финалето во двојки против Раџив Рам и Џо Сализбјури.

Лопез дојде на турнирот со само три победи на АТП турнејата во 2019 и на 113. место на АТП листата, порад што му беше потребна вајлд-карта за настап на турнирот. Во трите меча пред финалето, тој се враќаше од сет-негатива, победувајќи ги Милош Раонич и Феликс Оже-Алијасим.

Scroll to Top