Ромелу Лукаку ги брои последните денови на „Олд Трафорд“. Белгиецот се подготвува за трансфер во Интер, а Манчестер Јунајтед веќе тргнале во потрага по напаѓач што ќе дојде на неговото место.
Француските и англиските медиуми денес објавија дека прашање на денот е кога Манчестер Јунајтед ќе го потпишат Висам Бен Једер од Севилја. Францускиот репрезентативец по завршувањето на сезоната најави дека ќе замине од Севилја, а Јунејтед не би требало да имаат проблем со неговата клаузула за откуп која изнесува 40 милиони евра.
70 гола на 136 натпревари е учинокот на Бен Једер во дресот на Севилја откако за 9,5 милиони евра во 2016 година пристигна од Тулуз.
Бен Једер им е добро познат на „Олд Трафорд“, пред две сезони тој со два гола го елиминира Манчестер Јунајтед од Лигата на шампионите.