Top Sport

Ѓоковиќ и Барти први носители на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ во машка и Ешли Барти во женска конкуренција се поставени за први носители на најголемиот турнир во светот на тенисот, Вимблдон. На третиот гренд слем носителите се одредуваат според вимблдонската формула, односно влијание имаат резултатите постигнати на трева.

Новак Ѓоковиќ е прв носител кај мажите, втор е Роџер Федерер, а трет Рафаел Надал иако на АТП листата Шпанецот е подобро пласиран од Швајцарецот.

Зад тројцата најголеми фаворити следуваат минатогодишниот финалист Кевин Андерсон, Доминик Тим, Александар Зверев, Стефанос Циципас, Кеи Нишикори, Џон Изнер и Карен Хачанов.

Од играчите од регионот Хрватите Марин Чилиќ и Борна Чориќ се 13 односно 14 носител, а Србите Ласло Ѓере и Душан Лајовиќ се 31 и 32 носител.

Кај дамите Ешли Барти е прва носителка, втора Наоми Осака, па следуваат Каролина Плишкова, Кики Бертенс и Анжелик Кербер. Серена Вилијамс е 11 носителка, а Хрватките Дона Векиќ и Петра Мартиќ се 22, односно 24 носителка.

Вимблдон годинава ќе се игра од 1 до 14 јули.

Scroll to Top