Фудбалската селекција на Нигерија попладнево со 1-0 ја совлада репрезентацијата на Гвинеја на Африканскиот куп на нации кој се игра во Египет и си обезбеди нокаут фаза.
Нигеријците собраа нови 3 бода на контото благодарение на погодокот кој во 73 минута го постигна Омеруо.
Иако Гвинеја беше рамноправен противник во поголемиот дел од мечот, имаше и поголем посед на топката, сепак искуството на Нигеријците од играње на големи натпреварување се чини дека пресуди на мечот.
Нигерија и во првото коло во групата Б на Купот на конфедерации победи минимално 1-0, против Бурунди. Мадагаскар и Бурунди мечот од второто коло во истата група ќе го одиграат утре со почеток во 16.30 часот.