Во интервју за белоруските медиуми, Александер Хлеб повторно предизвика коментари околу неговиот поранешен клуб Барселона, за кој иронично не одигра ниту еден натпревар.
Хлеб во интервју за белоруското радио „Скамејка основиј“ зборуваше за својата една сезона во Барселона (2008/09), и не ги штедеше критиките кон Роналдињо и Деко. Хлеб постојано тврдеше дека не сакал трансфер во Барселона, но дека Пеп Гвардиола го убедил да потпише за клубот што според него било „огромна грешка“.
Овојпат тој тврди дека Роналдињо и Деко доаѓале пијани на тренинзите на клубот, иако двајцата фудбалери заминаа од клубот пред тој да пристигне во Каталонија.
„Роналдињо и Деко постојано доаѓаа пијани на тренинзи. Но, знаете зошто Барса ги продаде? Бидејќи се плашеа дека ќе го загубат Меси. Јас не сакав да играм таму. Сакав да останам во Арсенал или да одам во Баерн, но мојот агент ми велеше дека Гвардиола е упорен“, изјави Хлеб.
Тој исто така се потсети на разговорот со Тјери Анри кога преговарал со Барса.
„Тој ми кажа: ’Зошто сакам да дојдеш во Барселона? Јави ми се и ќе ти кажам’. Јас само му одговорив: ’Го немам твојот број’“, вели Хлеб, кој уште игра фудбал за домашниот шампион БАТЕ Борисов.
Иронично, неговиот поранешен соиграч од Арсенал, голманот Војчех Шчесни неодамна изјави дека токму Хлеб е „вистинскиот пијаница“.
Шчесни: Ван Перси е арогантен, Насри е гангстер, а Хлеб пијаница!