Top Sport

Алонсо има понуди за враќање во Ф1 со Ферари и Мерцедес?

Италијанскиот и шпански печат тврдат дека двократниот Формула 1 шампион Фернадно Алонсо може да има спектакуларно враќање во Ф1 следната сезона и тоа во врвен тим.

Според италијанските извори, Мерцедес се заинтересирани да го добијат искусниот Шпанец, додека шпанските медиуми велат дека поверојатно е тој да се врати во Ферари, тимот во кој возеше од 2010 до 2014 година, пред  во 2015 да се врати во Мерцедес.

Алонсо не успеа да освои титула со Ферари, но беше многу блиску во сезоната 2012, кога ја загуби титулата во последната трка. Самиот Шпанец призна дека во минатото зборувал со Мерцедес да го замени Нико Розберг откако Германецот се повлече по освојувањето на титулата во 2016 година.

Според „Кориере дело спорт“, Алонсо би сакал да вози за Мерцедес, тим кој произведува доминантни болиди како тоа да е најлесната работа на светот, и дека тој би бил подготвен да вози и без редовна плата, туку само за бонуси.

Од друга страна „АС“, тврди дека Алонсо би го заменил Себастијан Фетел, кој е толку разочаран од настапите со Ферари што помислува да си замине целосно од спортот. Останува да се види кој е во право.

Scroll to Top