Јуџини Бушар во 2014 година предизвика сензација со пласманот во финалето на Вимблдон и многумина и предвидуваа блескава тениска кариера на убавата Канаѓанка. Но, наместо тоа, таа во последните години повеќе внимание предизвикува со нејзината убавина, отколку со тенисот.
25-годишната Бушар се врати на терените на Вимблдон пред стартот на гренд слемот во понеделник, како единствена Канаѓанка по повредата на Бјанка Андрееску, и предизвика огромно внимание поради изборот на гардеробата.