Top Sport

Дурент одби 31.5 милиони долари од Вориорс, станува слободен агент

Кевин Дурент ќе стане слободен агент на 30 јуни, откако според „ЕСПН“, тој решил да се откаже од договорот со Голден Стејт вориорс за 2019/20, иако се работеше за сума од 31.5 милиони долари за следната сезона.

Според „ЕСПН“, Дурент е во Њујорк со својот бизнис-партнер, Рич Клајман и ги разгледува опциите за следната сезона.

Двократниот НБА шампион доби сериозна повреда на ахиловата петица во петтиот натпревар од НБА финалето кое Вориорс го загубија од Торонто репторс и прогнозите велат дека тој ќе ја пропушти цела наредна сезона. И покрај ова, тој има доста опции за иднината, од кои една е да потпише повторно со Вориорс за максимален петгодишен договор и 221 милиони долари.

Потоа, тука се и заинтересираните клубови како Њујорк никс и Брууклин нетс, кои можат да му дадат четиригодишен договор, така што тој останува еден од најпосакуваните слободни агенти ова лето.

Scroll to Top