Корпулентниот напаѓач на Црвена ѕвезда, Милан Павков, ќе остане во клубот откако пропаднале преговорите за негов трансфер во Кина, во екипата на Џангсу.
Кинезите неколку месеци се обидуваа да го реализираат трансферот на Павков, Црвена ѕвезда одбила две понуди, а пред неколку дена самиот клуб објави дека е прифатена понудата од три милиони евра.
Трансферот пропаднал бидејќи Павков не успеал да се договори околу личните услови. Тој денес треба да се врати во Белград.
Павков на пошироката јавност и стана познат минатата есен кога со два гола го сруши Ливерпул во натпревар од Лигата на шампионите.