Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, рекол дека клубот не добил никаква понуда од Пари Сен Жермен за Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Изминатите денови италијанските медиуми пишуваа дека ПСЖ биле подготвени да издвојат околу 80 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ, а играчот договорил пет годишне договор вреден пет милиони евра по сезона.
„Нема што да кажам ние не водиме никакви преговори. Ова се новинарски измислици, ние немаме потреба да го продаваме Милинковиќ-Савиќ. Дури не знам ни колкава му е цената, бидејќи не можам да зборувам за нешто што не е реално. Се работи за шпекулации, ние не сме добиле никаква понуда од ПСЖ“, изјавил Таре за „Паризијен“.
Милинковиќ-Савиќ е од 2015 година во Лацио, претходно играл за Генк и Војводина. Минатата сезона е прогласен за најдобра играч од редот за врска во Серија А.