Познато е дека спортистите на разни начини се обидуваат да го исфрлат од ритамот или да го провоцираат својот противник, се со цел другиот да направи грешка и токму тогаш да не биде на своето вистинско ниво.
Една таква случка раскажува Радамел Фалкао. Колумбиецот се потсетил на неговиот дуел со Уругваецот Хозе Марија Хименез. Се работи за дуелот помеѓу Уругвај и Колумбија од пред неколку години.
„Хименез ме полуде, воопшто не можев да се сконцентрирам на самата игра. Во текот на целиот натпревар ми поставуваше разми прашања, прво ме праша каков автомобил возам? Додека му објаснував тој веќе замина во шеснаесетникот да се позиционира за центаршут. Ова беше само почеток на неговата „игра со зборови“. Ме праша зошто знамињата на Колумбија, Еквадор и Венецуела имаат исти бои. Потоа ми кажуваше дека е тоа негово деби во репрезентацијата и дека ќе го тетовира датумот. За крај ме праша дали септември се пишува со или без „п“, а додека му одговорив пропуштив можност да тргнам на еден добар центаршут“, рекол Фалкао.