Фудбалскиот клуб Јувентус наводно ги договорил условите со Матијас Де Лихт, што значи дека прашање на време е кога ќе биде во целост реализиран неговиот трансфер од Ајакс.
„Скај Спорт Италија“ објави дека 19 годишниот фудбалер со Јувентус ќе потпише пет годишен договор и дека по сезона ќе заработува 12 милиони евра. Откупната клаузула во неговиот договор ќе изнесува 150 милиони евра.
Јувентус сега треба да се договорат со Ајакс околу обесштетувањето, а според истиот извор сумата што ќе ја плати „старата дама“ ќе изнесува 70 милиони евра.
Покрај Јувентус интерес за Де Лихт покажуваа Барселона и ПСЖ, наводно екипата од Париз се уште е во преговори со Ајакс, но фудбалерот одбрал да се пресели во Торино.