Шампионот во АБА-лигата, КК Црвена ѕвезда го потврди првото засилување за сезоната 2019/2020 во која клубот повторно ќе настапува во Евролигата.
Нов играч на Црвена ѕвезда е 32 годишниот Американец Дерик Браун. Овој искусен играч кариерата ја започнал на универзитетот Ксавиер, потоа бил избран како 40 пик на драфтот во НБА, каде играч за Њујорк и Шарлот.
Црвена ѕвезда ќе биде трет клуб во неговата европска кариера, претходно бил играч на Локомотив Кубан и Анадолу Ефес.
Браун игра на позициите 4 и 5, висок е 203 сантиметри, а последните три сезони го носел дресот на Ефес, иако минатата сезона не одигра ниту еден меч. Тренерот Ергин Атаман не сметаѓе на неговите услуги, а тој бидејќи имал стабилен договор (1,3 милиони долари по сезона) не сакал да си замине од Истанбул.
Пред да го реализираат трансферот на Браун, челниците на Црвена ѕвезда ги продолжија договорите со четворица играчи од тимот што ја освои АБА-лигата: Били Берон, Филип Човиќ, Бранко Лазиќ и Бориша Симаниќ.