Top Sport

Челси ќе откупат договорот на Ковачиќ

Челси ќе го откупат договорот кој Матео Ковачиќ го има со Реал Мадрид. „Сините“ за Ковачиќ ќе платат 50 милиони евра. Со ова играчот од редот за врска само ќе се зацврсти на првата позиција на најголемите трансфери на фудбалерите од Хрватска. Претходниот рекорд исто така беше во сопственост на Ковачиќ, кога Реал на Интер им платија 38 милиони евра.

Ковачиќ, на почетокот на минатата сезона на барање на Маурицио Сари пристигна во Лондон. Одигра добро, настапи на 51 натпревар во сите натпреварувања, поради што „сините“ решија да го задржат.

Челси за трансферот на Ковачиќ на Реал ќе им вратат половина од парите кои од Мадрид пристигнаа за Еден Азар.

Иако Челси има забрана за трансфери во овој и наредниот преоден рок, можат да ја исплатат сумата за Ковачиќ бидејќи тој е веќе регистриран како фудбалер на „сините“, но комплетно трансферот мора да биде реализиран најдоцна до 30 јуни, односно пред да му заврши позајмицата.

Scroll to Top