На четири дена пред почетокот на преодниот рок во НБА лигата, шампионите Торонто Репторс го решија прашањето со стартен центар за наредната сезона 2019/2020, тоа е Марк Гасол.
Шпанскиот кошаркарски ас, Марк Гасол кој во февруарскиот трејд дојде кај „рептилите“ од тимот на Мемфис Гризлис направи сјаен потег затоа што беше еден од најзаслужните за титулата која за првпат заврши во Торонто.
Гасол ќе остане во Торонто до идното лето за 25,6 милиони долари што е сосема пристојна сума за играч кој во јануари ќе наполни 35 години.
Тренерот на Торонто ќе може да смета на најмалку седум од деветте главни играчи од сезоната што неодамна заврши.
Тука се уште Кајл Лаури, Серж Ибака, Паскал Сијакам, Фред Ванвлит, Норман Пауел о Оу Џи Ануноби кој поради операција на слепо црево го пропушти годинешниот плеј-оф.
На пазарот на слободни играчи покрај првата ѕвезда Каваи Ленард се најде и Дени Грин.