Top Sport

Компани: За сите други тренери Гвардиола е професор за фудбал!

Сега веќе екс-капитенот на Манчестер Сити, Белгиецот Винсен Компани кој по 16 години кај „граѓаните“, се врати во татковината, во Андерлехт.

Компани на 6 мај против Лестер го даде еден од најбитните голови во историјата на Премиерлигата, а шест дена потоа како капитен го подигна пехарот во најсилната англиска лига.

Од Белгија си отиде како дете, а се враќа на 33 години, како играч/тренер. Тој со суперлативи зборува за Шпанецот кој е тренет на Сити.

„Ме тренираа Манчини, Хјуз, Пелегрини, во репрезентацијата Адвокат, Вилмотс, Мартинез. Сите се сјајни тренери, од секој од нив научив нешто. „Кога Пеп Гвардиола во 2016 година дојде во Манчестер Сити изгледаше како цел живот да сум бил во основно и средно училиште, а тогаш одеднаш… факултет. Пеп е едноставно подобар од другите“ – рече Компани.

Дефанзивецот кој во кариерата многу мака имаше со повредите вели дека Пеп го научил подобро да го разбира фудбалот.

„Најкомплицираните работи знае да ги објасни на наједноставен начин. Тој е едноставно подобар од сите други“ – смета Белгиецот.

Scroll to Top