Шпанската тениска ѕвезда Рафаел Надал очигледно се подготвува за брачен живот, откако ја стави на продажба јахтата со четири спални соби на продажба за сума од 2.56 милиони евра, 340 илјади евра помалку од сумата која ја даде за „Монте Карло јахт 76“ во 2016 година.
Надал останува без брод иако живее на балеарскиот остров Мајорка. Јахтата со име „Бетовен“, која е вкотвена во Монте Карло е долга 23 метри, има четири спални и максимална брзина од 55 км/ч. Тој честопати ја користеше додека беше дома на Мајорка.
33-годишниот освојувач на 18 гренд слем титули, со што е втор на вечната листа по 20-те на Роџер Федерер, според шпанските медиуми оваа есен кончено ќе ја земе за жена својата долгогодишна девојка, Чиска Перелјо, со која е повеќе од 14 години.