Top Sport

Алжир го доби првото големо дерби на АФКОН, падна Сенегал (видео)

Алжир со 1:0 го победи Сенегал во првиот голем меч на Африканскиот куп на нации за да ја преземе контролата на групата Ц со две победи и да покаже дека има амбиции за освојувањето на континенталниот шампионат.

Човек на одлука за Алжирците беше Јусеф Белаили, кој постигна прекрасен гол на почетокот на второто полувреме во 49. минута од мечот. Ова е втор триумф на Алжир на шампионатот по 2:0 победата над Кенија, а во групата уште е аутсајдерот Танзанија.

Scroll to Top