На социјалните мрежи се шири видео на кое еден млад навивач на Манчестер Јунајтед одговара на прашањето кој е неговиот омилен играч од актуелниот состав на славниот клуб.
Момчето било интервјуирано од една новинарка, по неговиот тренинг, за телевизијата „ИТВ“.
Таа го прашала за кого навива, а потоа и кој е неговиот омилен играч.
Момчето вели дека омилен клуб му е Манчестер Јунајтед и дека нема омилен играч.
„Сите се за в ѓубре“, реколо момчето, а одговорот веднаш станал хит на социјалните мрежи.
Малиот навивач на Манчестер Јунајтед единствено имал пофални зборови за менаџерот Оле Гунар Солскјер. За него рекол дека е легенда.
https://twitter.com/munashalom/status/1144491264370364416