Џанлуиџи Буфон ќе потпише договор со Јувентус, според кој клубот се обврзува голманот да мора да одигра најмалку десет натпревари во сезоната 2019/2010, тврдат италијанските медиуми. Два од тие десет натпревари мора да бидат во Лигата на шампионите.
Буфон, жива легенда меѓу голманите, договорил едно годишна соработка со Јувентус, со која ќе добие 1,5 милиони евра. По завршувањето на договорот тој ќе добие тренерска функција, или некоја од раководните улоги во клубот.
Медиумите тврдат дека новиот тренер Маурицио Сари ќе мора на Буфон да му овозможи да брани на најмалку осум натпревари во Серија А и на најмалку два натпревари во Лигата на шампионите.
Зошто ваква клаузула? Толку натпревари му недостигаат на Буфон за да го собори рекордот на Паоло Малдини од 674 натпревари во Серија А.