Шарл Леклер постигна најбрзо време за Ферари на вториот тренинг пред Австриското ГП во петокот, откако на кратката Ред Бул ринг патека, на која Макс Ферстапен во Ред бул и Валтери Ботас во Мерцедес немаа толку среќа и ги скршија своите болиди.
Ферстапен ја загуби контролата на незгодната десетта кривина, се изврте и удри со задниот дел од болидот во бариерата и предизвика црвено знаме. Кратко подоцна, Ботас се изврте на шестата кривина и удри директно во бариерата, повторно предизвикувајќи прекин на сесијата.
Finn-ito ?@ValtteriBottas‘ FP2 comes to an abrupt end#AustrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/aT2cNmA0qN
— Formula 1 (@F1) June 28, 2019
Луис Хамилтон, кој беше најбрз на првиот тренинг, не постави најдобар круг и на крајот беше четврти. Зад Леклер беше Ботас и Пјер Гасли во Ред бул, пред Карлос Саинс јуниор во Мекларен. Себ Фетел беше само деветти.