Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека напаѓачот Алексис Санчез и играчот од средниот ред Месут Озил ќе останат во тимот и по јануарскиот преоден рок, освен ако не се случи „нешто неверојатно“.
Договорите на двајцата играчи завршуваат на крајот на сезоната, но 28-годишниот Санчез и 29-годишниот Озил се клучни играчи кај „топчиите“и оваа сезона.
„Сè додека се тука, тие ќе го дадат максимумот за клубот. Во мојата глава, тие се тука до крајот на сезоната. Освен ако не се случи нешто неверојатно, не гледам како тоа ќе се смени. Дали ќе останат и следната сезона? Јас не сум единствениот кој го одлучува тоа. Прво треба тие да решат“, вели Венгер.
Тој исто така изјави дека е најдобар интерес на 25-годишниот Џек Вилшир да остане во клубот, и покрај тоа што се мачи со повредите од доаѓањето во Арсенал во 2008, а сезоната 2016/17 ја помина на заем во Бурнемаут.
„Ќе се борам тој да остане со нас, бидејќи се работи за врвен играч“, додаде Венгер.