Top Sport

Кубица помина 100 круга на првиот тест (видео)

Роберт Кубица комплетираше 100 круга на првиот ден тестирање со Вилијамс на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби.

Полскиот возач постави најдобар круг од 1:41.296 на меки гуми за да биде осми најбрз на тестот пред да го препушти болидот на Ленс Строл во последните неколку часа. Кубица се обиде да тестира повеќе типови на гуми на Пирели, и во првиот дел одеше на помали периоди на патеката, пред да вози симулација на трка.

Кубица ќе добие дополнителни неколку часа во среда на „Јас Марина“, кога ќе го преземе местото од Сергеј Сироткин во попладневната сесија.

Неговиот прогрес го следеа техничкиот директор Педи Лоув, директорот за перформанси, Роб Смедли, како и менаџерскиот тим на Кубица, составен од Алесандро Алуни Брави и светскиот шампион од 2016, Нико Розберг.

Кубица е фаворит да го замени Фелипе Маса во Вилијамс следната година, но тоа најмногу ќе зависи од неговите перформанси и способности покажани на овој тест. Вилијамс претходно објави дека официјалната потврда ќе дојде пред Божиќ.

Кубица пред клучниот тест во Абу Даби

Scroll to Top