Top Sport

Меси: Срамота е што играме на вакви терени

Аргентина предводена од Лионел Меси не блеска, но успеа да избори пласман во полу-финалето на Копа Америка 2019. Аргентинците во четврт-финалето со головите на Лаутаро Мартинез и Џовани ло Селсо ја победија Венецуале (2:0).

„Гаучосите“ и Меси против Венецуела повторно не импресионираа со својата игра, но ја остварија целта, се пласира меѓу најдобрите репрезентации. По мечот на „Маракана“ во Рио де Женеиро, еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот се жалел на лошиот терен.

„Сите учесници имаат голема желба да ја освојат Копа Америка, иста цел имаме и ние. Она што можам да кажам е дека терените на кои што играме се многу лоши, срамота е едно вакво натпреварување да се игра на толку лоши терени“, рекол Меси.

Аргентина во полу-финалето ќе игра против домаќинот Бразил, дуелот во Бело Хирзонте на програмата е в среда од 2.30 часот по македонско време.

„Бразил? Тешко е да се каже кој е фаворит. Знам само дека се уште не сте го виделе најдоброто од нас“, заклучил најдобриот играч на Аргентина.

Scroll to Top