Top Sport

Колисон ја прекина кариерата за да биде Јеховин сведок

Кошаркарот на Индијана Пејсерс, Дарен Колисон, објави крај на десетгодишната кариера во НБА-лигата.

Колисон истакнал дека е Јеховин сведок и дека понатаму сакал целосно да и се посвети на верата, за да можел да им помага на луѓето ширум светот.

„Кошарката е мојот живот уште од детството. Никогаш не мислев дека ќе уживам во нешто друго како што уживав во кошарката. Јас и понатаму ја сакам кошарката, но знаи и дека постои нешто поважно од неа – тоа се моето семејство и верата. Јас сум Јеховин сведок и верата ми е најважна. Волонтирањето и помагањето на другите ми носи толку многу радост. Таа радост не може да се мери со ништо друго“, рекол Колисон за ЕСПН и дополнил.

„Благодарен сум на пријателствата што ги имам со играчите како што се Виктор Оладипо, Расел Вестбрук, Демаркус Казинс, Кевин Дурент, Кајри Ирвинг, Крис Пол, Двејн Вејд, СтефКари и Леброн Џејмс, тие имаа големо влијание врз мојата кариера и ми беа голема инспирација“.

Колисон има 31 година и летово требаше да потпише нов договор за година плата помеѓу 10 и 12 милиони долари. За две сезони во Индијана Пејсерс тој просечно по натпревар бележел 12 поени и шест асистенции.

Во десетгодишната НБА кариера Колисон одиграл 708 натпревари за Њу Орлеанс Пеликанс, Далас Маверикс, ЛА Клиперс, Сакраменто Кингс и Индијана Пејсерс и остварил просечни 12 поени, пет асистенции и три сока по натпревари.

Scroll to Top