Килијан Мбапе ги шокирал сите во Париз бидејќи ја одбил понудата да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен. Оваа информација на француските медиуми само ќе ги засили шпекулациите дека „златното момче“ во блиска иднина ќе замине од Пари Сен Жермен.
Челните луѓе на Пари Сен Жермен го контактирале Мбапе и му порачале дека сакаат да преговараат околу продолжувањето на неговиот договор, но останале без зборови кога тој им одговорил дека нема намера да го направи тоа.
Мбапе има договор со францускиот шампион до јуни 2022 година, а клубот му понудил продолжување на соработката до јуни 2025 година.
Ваквиот став на Мбапе само ќе ги засилат шпекулациите за негово заминување. Тој и сега се поврзува со Реал Мадрид.