Top Sport

Четири франшизи се интересираат за Дурент

Кевин Дурент, ова лето ќе разговара со четири франшизи, по што ќе реши каде ќе ја продолжи кариерата.

Дурент одби и наредната сезона да остане во Голден стејт Вориорс, поточно реши да го тестира пазарот и се откажа од 31 милион долари колку што требаше да заработи според договорот.

Како слободен агент КД е интересен за неколку франшизи кои имаат доволно пари во „селери-капот“ за да му понудат максимален договор.

Американските медиуми објавија дека летото тој ќе ги слушне понудите на ЛА Клиперс, Њукорк Никс, Бруклин Нетс и секако на Голден стејт Вориорс.

Инаку Вориорс биле оптимисти дека ќе го убедат Дурент да остане, бидејќи можат да му понудат пет годишен договор вреден 221 милиони долари. Американските медиуми не ја исклучуват можноста Вориорс да го потпишат Дурент, а потоа да направат трејд со некој друг тим.

Кевин Дурент поради повредата на Ахиловата тетива ќе пропушти најголем дел од наредната сезона.

Scroll to Top