Top Sport

Шпански четвртолигаш се прекрсти во „Рамна земја“

Шпанскиот четвртолигаш Мостолес Баломпие, официјално го смени името во Flat Earth FC (фудбалски клуб Рамна земја), откако нивниот претседател Хави Повес верува во бизарната теорија дека земјата не е округла.

„Ние сме професионален клуб во шпанската четврта лига, но се родивме за да ги обединиме гласовите на милионите кои веруваат во Рамна земја и кои сакаат одговори. Фудбалот е најпопуларниот спорт на светот, а со формирање на клуб посветен на ова движење сакаме да обезбедиме присутност во медиумите. Ние сме прв фудбалски клуб обединет од најважното нешто, идејата“, изјави Повес.

Приврзаниците на идејата за Рамна земја не веруваат дека земјата е сфера, туку дека има голем заговор од НАСА и другите научни организации да се измами јавноста.

Scroll to Top