Top Sport

Волф: Мерцедес не преговараат со Ферстапен

И покрај тоа што од Ред бул потврдија дека Макс Ферстапен има клаузула во својот договор со која може да замине од тимот на крајот на сезоната, Мерцедес тврдат дека не преговараат со младиот Холанѓанец.

Во петокот, советникот на Ред бул, Хелмут Марко за „Ауто мотор унд спорт“ изјави дека стравува дека Мерцедес ќе се обидат да го добијат Макс, но Тото Волф вели дека немаат таков план.

„Не сум зборувал со Макс. Би сакал да продолжам како што правевме во минатото, да го разгледаме нашиот тековен тим и да разговараме со нашите возачи пред да почнеме со такви активности. Има многу шпекулации, но тие не се вистинити“, вели Волф.

Ако не победи во Австрија, Ферстапен може да преговара со други тимови

Scroll to Top