Килијан Мбапе јасно им ставил на знаење на првите луѓе од Пари Сен-Жермен дека не планира да го продолжува договорот кој му завршува во 2022 година и сега се чека на потег и понуда на Реал Мадрид, јавува шпанска „Марка“.
По трансферот од Монако во 2017 (втор најголем во историјата), францускиот напаѓач не бил задоволен од одговорноста која ја добива во Париз, каде што Нејмар останува првата и најголема ѕвезда. Според „Марка“, Мбапе не е заинтересиран за понуди со огромни суми од ПСЖ и останува на мислењето дека мора да има промени во тимот или тој ќе си замине во 2022.
Ако ова е точно, ПСЖ се наоѓа во незавидна ситуација – дали да чека и да ризикува да го загуби бесплатно, или да влезе во преговори со Реал Мадрид, кои не ја кријат својата заинтересираност за талентот. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи изјавуваше дека Мбапе не е на продажба, но новата ситуација може да го смени ова.