Top Sport

Никола Вучевиќ ќе добие 100 милиони долари од Орландо

Црногорскиот кошаркар, Никола Вучевиќ иако стана слободен агент ова лето, останува во Орландо меџик со договор на четири години и фантастични 100 милиони долари, повисоко од очекуваните 80 милиони долари.

Вучевиќ е на Флорида од 2012 година, иако беше драфтуван од Филаделфија, а минатата сезона имаше просек од 20.8 поени, 12 скока и 3.8 асистенции, со што е еден од најдобрите кошаркари на Орландо. Минатата сезона тој исто така беше избран во својот прв НБА Ол-Стар натпревар.

Scroll to Top