Фудбалскиот клуб Реал Мадрид испратил барање до водството на Ла Лига, првите мечеви во сезоната да не ги игра на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“.
Реал летово ги започна градежните работи кои треба драстично да го сменат изгледот на култниот стадион, поради што побарале првите три натпревари во новата сезона што треба да ги одиграат како домаќини да ги играат на гостински терен.
Летово, треба да биде тргнат покривот на стадионот и да биде срушен еден од столбовите што се наоѓаат на аглите од „Сантијаго Бербабеу“.
Во Реал се убедени дека Ла Лига ќе има разбирање за нивното барање. Нешто слично лани направија од Атлетико додека чекаа да завршат работите на „Ванда Метрополитано“.
Градежните работи кои треба да му донесат комплетно нов изглед на стадионот треба да траат три и пол години.