Маркус Рашфорд потпиша нов четиригодишен договор со Манчестер јунајтед, кој „тежи“ 250.000 фунти неделно плус бонуси.
21-годишниот Рашфорд, кој е кај „ѓаволите“ неверојатни 14 години поминувајќи низ сите делови на фудбалската академија, вели дека не се размислувал многу за продолжувањето на договорот.
„Манчестер јунајтед е сè во мојот живот од моето пристигнување тука како седумгодишник. Овој клуб ме формираше, како фудбалер и како личност, така што секое носење на дресот е привилегија. Сакам да му заблагодарам на Оле Гунар Солскјер и на неговиот тим за тоа што го направија за мене. Ќе го дадеме максимумот да го вратиме клубот каде што припаѓа и да го донесеме успехот кој нашите фанови го заслужуваат“, изјави Рашфорд, кој пред потпишувањето на договорот беше поврзуван со повеќе клубови, вклучувајќи ја и Барселона.
A new #MUFC contract for @MarcusRashford ✍️
— Manchester United (@ManUtd) July 1, 2019