Top Sport

Сензационалната тинејџерка Гауф ја елиминираше Венус Вилијамс

Првиот ден на Вимблдон шампионатот, покрај елиминациите на Наоми Осака, Александер Зверев и Стефанос Циципас донесе уште една огромна сензација, откако 15-годишната Американка Кори Гауф ја совлада тенисерката која ја смета за свој идол, 39-годишната Венус Вилијамс со 6:4/6:4.

Откако стана најмладата квалификантка во историјата на Вимблдон, тинејџерката изјави дека еден ден „сонува“ да игра со една од сестрите Вилијамс, и сонот и се оствари кога во првото коло ја доби седумкратната шампионка Венус.

„Искрено не знам што да чувствувам. Ова е првпат да плачам откако сум победила на еден тениски меч. Морав да се смирам, бидејќи никогаш не сум играла на толку голем терен и морав да се потсетувам каде се линиите. Венус ми честиташе и ми посака среќа, а јас само се заблагодарив за инспирацијата. Немаше да бидам тука да не беше Венус, и таа секогаш ми била инспирација. Моите родители беа покрај теренот и татко ми скокаше на секој поен“, изјави тинејџерката.

Scroll to Top