Top Sport

Играчот со најдолг стаж во Челси замина од клубот

Томаш Калас од сите играчи на Челси, од актуелниот состав, има најдолг стаж во клубот. По девет години тој го напушти клубот во кој речиси и да не доби шанса.

Иако на платниот список на Челси беше девет години, Чехот, за Челси има одиграно само четири натпревари.

Дефанзивецот во 2010 година од Сигма Оломуц се пресели на „Стенфорд Бриџ“. Единствените настапи за Челси ги имал во сезоната 2013/2014 кога менаџер на „сините“ бил Жозе Мурињо.

Калас е еден од оние играчи што Челси ги позајмуваше на други клубови, а играл за Келн, Витесе, Мидлсброу, Фулам и Бистол.

Токму во Бристол Калас ќе ја продолжи кариерата. Според англиските медиуми поранешниот репрезентативец на Чешка е најскапото засилување во историјата на Бристол.

Scroll to Top