Менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола, во интервју за магазинот „АРА“, упатил комплимент на сметка на Ливерпул, со изјавата дека паролата „Ова е Енфилд“ не е само добар маркетинг трик.
Еден дел од интервјуто било посветено токму на Ливерпул, најголемиот ривал минатата сезона на Манчестер сити. На крајот од сезоната Гвардиола со својот тим ја освои Премиер лигата со само бод предност во однос на „црвените“.
Целата приказна тргнала од анализата на полу-финалниот реванш во Лигата на шампионите и неверојатниот пресврт н Ливерпул, кога ја стигнаа и престигнаа предноста од три гола против Барселона.
„Мислев дека ќе успеат да постигнат гол во реваншот, но сигурен сум дека играчите знаеле дека Енфилд е Енфилд. Мотото „Ова е Енфилд“ не е само маркетинг порака. Таму постои нешто што нема да го најдете на ниту еден друг стадион во светот“, рекол Гаврдиола и продолжил.
„Кога први ќе постигнат гол, в наредните пет минути имате чувство дека ќе примите уште четири. Се чувствуваш толку мал, имаш чувство дека нивните играчи се секаде по теренот. Сите сме го доживеале она што им се случи на Барселона. Мене ми се смееја кога по 15-20 минути губевме во четврт-финалето во 2018 година. Тоа е до стадионот“, заклучил еден од најдобрите тренери во светот.