Top Sport

Бразилците стравуваат од Меси

Селекторот на Бразил, Тите, смета дека Лионел Меси е незапирлив, но во пресрет на полу-финалниот меч на Копа Америка Бразил-Аргентина, тој се надева дека неговите играчи ќе можат барем малку да го застанат најдобриот гаучос.

Меси е далеку од своето ниво на Копа Америка, во досегашниот тек од првенството има постигнато само еден гол од пенал, но според Тите „Меси е Меси“.

„Не можеме да зборуваме само за индивидуалниот квалитет на Аргентина, тие се квалитетни како тим. Тоа е одлична група на поединци, а Меси не можете да го сопрете, но може барем малку да го неутрализирате. Но од друга страна ние ги имаме Кутињо, Фирмино, Нерес. Тие би можеле да го решат мечот“, смета Тите.

Полу-финалето на Копа Америка, Бразил-Аргентина, на програмата е во ноќта помеѓу вторник и среда по македонско време, во Бело Хоризонте.

Scroll to Top