Top Sport

Кошарката доби свој дом

Големата сала на „Кале“ од денес е новиот дом на кошарката во Македонија. Кошаркарската федерација од државата во трајна концесија ја доби на користење оваа сала.

Челниците на федерацијата, предводени од првиот човек Перо Антиќ, обелоденија дека ќе биде потребно мало реновирање со што ќе се создадат услови федерацијата комплетно да се преслеи на новата локација.

„Знаете дека во програмата ставивме дека акцент ќе биде ставен врз обезбедување на услови за младите кошаркари. Денеска е голем ден, добиваме свој дом, јас лично сум презадоволен што како куќа на кошарката добиваме сала што ќе ни биде на располагање 24 часа на ден, 365 дена во годината. Голема благодарност до одговорните лица кои ни излегоа во пресрет. Салата ја добиваме во одлична состојба, а веќе се започнати процеси за реновирање. Потребни ни се нови два коша според ФИБА пропозиции, нов семафор и генерално реновирање, но имаме доволно време да ги средиме сите детали околу тоа.“ – истакна Перо Антиќ.

фото/mkf.mk

Scroll to Top