Top Sport

Кристал Палас навредени од понудата за Заха

Во Кристал Палас биле навредени од понудата што на нивна адреса пристигнала од Арсенал во врска со потенцијалниот трансфер на Вилфред Заха, објави британскиот сервис Би-би-си.

Челниците на Арсенал за услугите на репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска на колегите од Кристал Палас им понудиле 40 милиони фунти. Во Кристал Палас за својот најдобар играч очекувале понуда од околу 80 милиони фунти. Заха, минатото лето, потпиша нов пет годишен договор со Кристал Палас.

Очигледно е дека во овој клуб имаат намера во овој преоден рок до врв да ја наполнат клупската каса. Минатата недела тие од Манчестер Јунајтед добија 50 милиони фунти за десниот бек Арон Ван-Бисака.

Scroll to Top