Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, бил задоволен какако тој и неговите соиграчи го одиграле полу-финалето на Копа Америка против Бразил, но не бил задоволен од некои судиски одлуки.
Бразил ја победи Аргентина со 2:0 со головите на Габриел Жесус и Роберто Фирмино, а Меси испушти уште една шанса да освои трофеј со репрезентацијата.
Аргентинците одиграа добар меч, а во одредени моменти немаа ниту среќа, два пати тие преку Агуеро и Меси ја погодија рамката на голот.
„Мислам дека одигравме добра меч, не беа подобри од нас. Овие момци се жртвуваа и ја заслужуваат целата почит. Аргентина има материјал за да продолжи да расте. Се обидовме, не бевме надиграни, два пати ја погодивме рамката на голот, сепак добрата игра не ја зачинивме со гол. Она што е поважно од резултатот е што бевме на висина на задачата“, рекол Меси и потоа го коментирал судењето.
„Два пенали не беа судени. Постоеја јасни ситуации на кои бевме оштетени, но судијата не сакаше да го гледа ВАР-от“, дополнил најдобриот аргентински играч.
Потоа Меси проговорил и за неговиот понатамошен ангажман во репрезентацијата.
„Доколку можам да помогнам ќе го направам тоа. Добро се чувствувам кога сум со оваа група на играчи“.
Инаку веројатно последната можност да освои трофеј со Аргентина Меси ќе ја има наредната година, кога Аргетнина и Колумбија ќе бидат домаќини на Копа Америка.