Енди Мареј и Серена Вилијамс ги здружија силите, тие заедно ќе настапат во микс-двојки на третиот грен слем во сезоната, Вимблдон.
Информацијата дека Серена Вилијамс ја прифатила поканата на Мареј ја потврдиле од нејзиниот менаџерски тим.
Тениските фанови со нетрпение го чекаат настапот на поранешните број 1 во машка и женска конкуренција.
Според најавите Мареј и Серена Вилијамс првиот настап ќе го имаат утре.