Играчот на Атлетико Мадрид Родриго Ернадез Родри часови го делат од трансфер во Манчестер сити. Неколку шпански медиуми денес објавија дека тој денес се појавил во просториите на Ла Лига и уплатил депозит од 70 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула во неговиот договор.
Кога ќе го реализира трансферот Родри ќе стане вториот најскап играч во историјата на англискиот шампион. Повеќе пари Сити платиле само за Кевин де Брујне.
Родри минатата сезона заедно со голманот Јан Облак беше најдобриот и најконстантниот играч на Атлетико. Таквите игри му го донесоа трансферот во Манчестер сити.
Атлетико го донесоа Родри од Вилјареал минатата сезона за сума од 20 милиони евра.