Украинската тенисерка Елина Свитолина се пласираше во третото коло на женскиот дел од Вимблдон откако денешната нејзина противничка, Русинката Маргарита Гаспаријан го предаде мечот на крајот на вториот сет.
Руската тенисерка го доби првиот сет со 7-5, а во вториот по голема борба Украинката успеа да направи брејк и да сервира за освојување на сетот. Тогаш Гаспаријан тешко ја повреди ногата, се сруши на земја и силно заплака.
Судијата на мечот и Свитолина притрчаа напомош, но Русинката не можеше да продолжи, па го предаде мечот.
Of course not the way @ElinaSvitolina wanted to win the match and move on to R3 at Wimbledon . Gasparyan was forced to retire due to injury , wish her a speedy recovery ?(?:Eurosport) pic.twitter.com/KfukwcyXos
— Elina Svitolina FP✨ (@SvitolinaNL) July 3, 2019
Во третото коло Свитолина ќе игра против Гркинката Марија Сакари која претходно со 2-0 славеше победа над Бузукова.
Во останатите мечеви кои досега завршија на женскиот дел од Вимблдон Азаренка славеше со 2-0 против Томљановиќ, Мучова ја совлада со 2-0 Американката Бренгл, Си со истиот резултат беше подобра од Флипкенс, Каролина Плишкова немаше проблеми со Пуиг, а Контавеи ја совлада домашната тенисерка Вотсон.