Top Sport

Де Хеа ќе стане најплатениот голман во светот!?

Манчестер Јунајтед му понудил на шпанскиот чувар на мрежата, Давид де Хеа нов договор со многу подобри услови него постојните само да го задржи на „Олд Трафорд“, пишуваат британските медиуми.

Информациите на ББС се дека доколку Шпанецот ги прифати условите од новиот договор, ќе стане најплатен голман во светот.

Со новиот петгодишен договор што му се нуди, Де Хеа ќе заработува по 350.000 фунти неделна плата, а со актуелниот договор, тој заработува по 250.000 фунти неделно.

Стариот договор му истекува идното лето, а медиумите шпекулираа дека за неговите услуги најзагреан во моментов е ПСЖ.

Шпанскиот голман на „Олд Трафорд“ стигна пред 8 години и досега освои една титула во Премиерлигата, по еден ФА и Лига куп, три титули Комјунити шилд, а еднаш со „ѓаволите“ го подигна пехарот и во Лига Европа.

Scroll to Top