Дани Алвеш вели дека му е жал за неговиот поранешен соиграч Лионел Меси, откако Бразил ја победи Аргентина со 2:0 за пласман во финалето на Копа Америка, благодарение на головите на Роберто Фирмино и Габриел Жесус.
Алвеш вели дека е нефер да го обвинуваат аргентинскиот капитен за лошите работи во нивната репрезентација.
„Да си најдобар фудбалер на светот мора да е тешко. Да загубевме вчера, целиот тим ќе беше виновен, но Аргентина кога ќе загуби, вината е на Лео. Жал ми е за него“, изјави Алвеш.