Top Sport

Луда велосипедска трка на глечер – „Планината на пеколот“ (видео)

Овогодишната трка „Планина на пеколот“ го исполни ветувањето во своето име, откако стотина велосипедисти паднаа на неверојатната скијачка патека во Лес Ду Алпе во Франција.

На трката на издржливост, која оваа година се оддржа од 28 до 30 јуни, овојат учествуваа 700-тина велосипедисти во должина од 3.4 километри и со вертикален пад од 2.5 километри.

Велосипедистите се натпреваруваа во последниот круг на годишната трка од 25 километри, пред да почне хаосот на глечерот п опадот на неколку велосипедисти. Неверојатно, но никој не е посериозно повреден.

Победник на трката беше Французинот Килијан Брон.

Scroll to Top