Поразот на Аргентина од Бразил од 2-0 во полуфиналето на Копа Америка 2019 силно го погоди капитенот на аргентинската селекција, Лео Меси па тој по мечот имаше големи замерки за судењето.
„На оваа Копаго бараа ВАР за секое сра.е, а во две ситуации кога требаше да има пенал за нас, нигде ги немаше. Неверојатно. Се надевам дека Конмебол ќе направи нешто тоа да се промени, но сепак мислам дека тоа нема да се случи затоа што Бразил држи се во свои раце, не смееше да испаднат“ рече Меси кој се уште го чека првиот трофеј со сениорската селекција на Аргентина.
По поразот тој одржал говор во соблекувалната, а неговите зборови на аргентинските новинари им ги пренесе Серхио Агуеро.
„Лео разговараше со нас во совлекувалната и мислам дека сите знаете што ни рече. Порача дека нашата репрезентација има иднина и дека мора да се свртиме кон следното натпреварување на кое нашата земја ќе е домаќин. Неговите зборови ќе им помогнат на младите играчи кои мора да разберат дека мора да ги подигнат главите и да продолжат да се борат, а ние постарите секогаш ќе ги поддржуваме“ – ги пренесе Агуеро зборовите на Меси.