Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер денеска немаше големи проблеми да го елиминира Британецот Џеј Кларк и да се пласира во третото коло на гренд-слемот Вимблдон.
Швајцарецот славеше победа со 3-0 (6-1, 7-6, 6-2) за минути игра и го продолжи зацртаниот пат на турнирот во Лондон.
Хрватот Марин Чилиќ доживеа елиминација од Жоао Соуза во три сета со по идентични 6-4.
Елиминација доживеа уште еден носител на турнирот, Џон Иснер. Неговиот „скалп“ го зема Микаил Кукушкин кој во пет сета славеше со 3-2 (6-4, 7-6, 4-6, 6-1 и 6-4).
Уште во првото коло настапот го завршија Стефанос Циципас и Александар Зверев, а во второто коло заврши настапот и за Стен Вавринка.