Фантастичниот крилен фудбалер, 35-годишниот Холанѓанец Арјен Робен одлучи да стави крај на фудбалската кариера.
Неговиот договор со Баерн Минхен истече пред 4 дена, па иако се споменуваше дека можно е да се пресели во Катар, Англија или да се врати во некој од холандските клубови, сепак Робен одлучи дека му е доста од професионален фудбал.
„Без никаков сомнеж, ова беше најтешката одлука која ја донесов во кариерата. Љубовта кон играта и убедувањето дека и понатаму можам да се носам со целиот свет, наспроти реалноста дека веќе не сум 16-годишник кој не знае што е повреда. Моментно сум здрав и сакам така да остане. Затоа го оставам фудбалот, така е најдобро“ – напиша Робен на социјалните мрежи.
Арјен Робен кариерата ја започна во холандски Гронинген, па оттаму премина во ПСВ Алндховен. Потоа следуваше преселба во Лондон, во Челси, па Реал Мадрид и на крајот Баерн Минхен. Во кариерата освои дури 30 национални трофеи.
За репрезентацијата на Холандија одигра 96 меча и со „лалињата“ учествуваше на финалето на Мундијалот во 2010 година.